Антонио Плазибат е поканет на Гран при турнирот на Глори

Една од најголемите светски кик бокс организации следната година ќе организира Гран при турнир во тешка категорија.

Сега е потврдено дека на тоа натпреварување ќе учествува и најдобриот хрватски кикбоксер Антонио Плазибат.

Солињанинот моментално е на рехабилитација, бидејќи треба да ја залечи скршеницата на раката. Повредата ја заработи во јуни на мечот против Тарик Осар.

Во борбата за привремениот појас во тешка категорија Антонио загуби со нокаут во петтата рунда и така барем засега остана без меч со Рико Верховен.

Деновиве Плазибат доби покана од Глори за Гран при туирнирот, каде ќе настапат и Тарик Осаро, Софијан Лаидуни, Бахрам Раџабзаде, Леви Ригтерс, Уку Јурјендал, Никола Филиповиќ или Набил Хачаб, а веројатно и шампионот Рико Верховен.

Се уште не е познат датумот на турнирот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GLORY Kickboxing (@glorykickboxing)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО