Ентони Џошуа: Не дојдов да се забавувам туку да се борам и да победам

Поранешниот светски шампион во бокс Ентони Џошуа по двата порази од Aлександaр Усик, кој му ги одзеде титулите во септември 2021 година, а потоа го победи во реваншот, најави дека ќе се врати посилен и порешителен во новиот поход кон врвот во тешка категорија.

Успешно ги мина првите две пречки (Џермејн Френклин и Роберт Хелениус), но сега пред себе има нов противник, Ото Валин, со кој ќе се соочи на денешниот настан во Саудиска Арабија.

На истиот настан, неговиот веројатно следен противник Дионтеј Вајлдер ќе настапи во меч против Џозеф Паркер, а Хрватот Филип Хрговиќ во дуел со Марко де Мори.

„Има голем притисок врз мене, не дојдов да се забавувам туку да се борам и да победам“, ​​изјави Еј Џеј, кој во март треба да се соочи со Вајлдер:

„Ако не го победам Валин, нема иднина за мене“.

Бронзениот бомбардер беше прашан и за евентуален меч против Еј Џеј следната година.

„Забележав како Џошуа размислува само за својата следна борба, јас воопшто не сум во неговата глава. Разбирливо, тој има голема задача пред него, а и јас треба да сработам. Кога се ќе заврши, ќе имаме време да разговараме за следниот чекор“, изјави Дионтеј Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО