Конор Мек Грегор: Втората битка со Дијаз е најголемата борба во историјата на УФЦ

Ирската ММА ѕвезда Конор Мек Грегор објави нов статус на социјалните мрежи во која тврди дека неговата втора борба со Американецот Нејт Дијаз на УФЦ 202 е најголемата во историјата на промоцијата. Мек Грегор објави видео клип од борбата и напиша:

„Најголемата УФЦ-борба на сите времиња“.

Да потсетиме, Мек Грегор и Дијаз се бореа двапати. Во март 2016 година на УФЦ 196 Нејт извојува брза победа, со што на Ирецот му го приреди првиот пораз во кариерата во УФЦ. Во август истата година на УФЦ 202 се одржа реваншот.

Ирецот во втората борба го победи противникот со мнозинска одлука. Оттогаш се зборува за трилогија која никогаш не се случила. Сега Нејт повеќе не е во УФЦ, а Мек Грегор се подготвува за враќање во првата половина на 2024 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО