Ален Рустемовски е најдобар боксер за 2023 година

Боксерската федерација на Македонија за најдобар боксер во 2023 година го прогласи Ален Рустемовски, а Бајрам Мамутовски најдобар млад боксер.

Ален Рустемовски беше петти на Европското сениорско првенство во Будва, Црна Гора. Бајрам Мамутовски стана балкански шампион во младинска конкуренција на Балканското првенство во Александру Кокорану, Романија.

Денес Боксерска федерација и официјално ги долели и сертификатите на тренери со ИБА 1 ѕвезда. Од 20 тренери што учествуваа на семинарот од 2 до 8 ноември во Скопје со инструктори од ИБА 13-мина положија и добија сертификат од ИБА со 1 ѕвезда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО