„Ангелите на Викторија сикретс“ во прегратките на стружанецот Сотир Настоски (ФОТО)

victoria secret models miami 2012

Сотир Настоски од Центарот за боречки вештини „Бушидо“ од Струга по напорната сезона заминува за Мајами во САД, каде што се одмора, но и тренира со познати мајстори на боречките спортови. Но, тоа не е се…во неговите прегртки може да се видат „Ангелите на Викторија сикретс“ или, пак, да проследи некој НБА меч, како еден финалната серија меѓу Мајами и Кливленд.

trcanje na Ocean Drive Miami

Инаку, Настоски почнал да тренира карате уште на 8-годишна возраст  во Струга,а потоа неколку години тренира и се натпреварува во таеквондо, како и во кик бокс.

so mirko filipovic
Со Мирко Филиповиќ

„Имам посетено многу семинари и турнири од европски и светски,карактер. Се натпреварува како кадет, јуниор и сениор. Бев член на репрезентацијата на Македонија од 1995 до 1998 година и во карате и во кик бокс. Последното и најзначајно ннатпреварување ми беше во карате (дисциплина борби) 2007 година во Марина де Карера, Италија, на Светското првенство на ВТКА (стилско првенство-н.з.), каде што го освоив второто место“, истакнува Настоски.

Салата во која тренирале Мухамед Али и Мајк Тајсон во Мајами
Салата во која тренирале Мухамед Али и Мајк Тајсон во Мајами

Во 2003 година формира центар за боречки вештини, каде што активно се тренира карате, кик бокс и тајландски бокс. Центарот Бушидо-Струга, како што вели Сотир, има направено многу големи успеси во изминативе години и создадено многу репрезентативци.

Тренинг со Семи Шилт
Тренинг со Семи Шилт

„Секој ден е исполнет со разни тренинзи за разни возрасти. Но, неколку години со ред знам и кога е време за одмор. Добро го искористам. Патувам во Америка на неколку месеци на познатата плажа Мајами бич. Таму има повеќе професионални сали во кои тренирам и разменувам искуства со други светски тренери во повеќе боречки спортови. И годинава и наредната планирам да отпатувам таму“, посочува Настоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО