Андре Ворд ја одбрани титулата со технички нокаут по кардинална грешка на судијата (ВИДЕО)

За жал, ниту во реваншот не можеше да помине без контроверзи. Андре Ворд го победи Сергеј Ковалев со технички нокаут во осмата рунда, по што рускиот боксер веднаш приговораше дека ударите, кои доведоа до тоа, биле недозволени. Повторената снимка покажа дека бил во право.

И тоа е голема штета, затоа што мечот беше многу повозбудлив и поинтересен од нивната прва средба, во ноември минатата година. Тогаш, исто така, имаше контроверзи, бидејќи многу мислеа дека Ворд незаслужено славеше со одлука на судиите. Затоа сите се надеваа дека овој пат може да дојде до прекин. И дојде, но на крајот испаѓа уште поголем хаос, бидејќи крајниот резултат дојде по голема грешка на можеби најдобриот светски судија, Тони Викс.

Андре Ворд (32-0, 16 КО) во Лас Вегас ги одбрани титулите ИБФ, ВБО и ВБА во полутешка категорија против Сергеј Ковалев (30-2, 26 КО) по серија на удари во телото во осмата рунда.

https://youtu.be/mzvtNCX3vP8

https://youtu.be/ineaHIHmT3Q

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО