Андерсон Силва ја оствари првата победа по 2012 година, Холм поразена за титулата (ВИДЕО)

Андерсон Силва (34-8 ММА, УФЦ 17-4) на уФЦC 208 ја постигна првата победа од октомври 2012 година.

41-годишниот Бразилец по три прилично изедначени рунди го победи Дерек Барнсон. 33-годишниот Американец во претходната борба загуби со нокаут на Роберт Витакер.

https://youtu.be/485GIkWl_Pk

https://youtu.be/Ad2x3t7pjHU

Жермен де Рандамие (8-3, 4-1 UFC) е првата UУФЦ шампионка во перолесна категорија. Холанѓанката во главната борба на вечерта на УФЦ 208 во Њујорк со едногласна одлука на судиите по пет рунди ја победи поранешната шампионка во бантам, Холли Холм (10-3, 3-3 УФЦ). Де Рандамие ја удари Американката по ѕвоното на крајот на 2-рата и 3-тата рунда, но не изгуби поени поради тоа. На 35-годишната Холм Ова ова и беше трет последователен пораз.

https://youtu.be/oCIedqenZnc

Жакар Соуза (24-4 ММА, УФЦ 7-1) стигна до втората последователна победа совладувајќи го Тим Боеч (20-11 ММА, УФЦ 11-10) со кимура по три и пол минути борба.

https://youtu.be/j_eZ2S5cssI

По поразот од Ентони Џонсон, Гловер Тешеира (26-5 ММА, 9-3 УФЦ) се врати на победите со славејќи со одлука на судиите Жаред Канониер (9-2 ММА, УФЦ 2-2). Бразилецот е леснотија го соборуваше Канониер и ја обезбеди победата со добар граун енд паунд.

https://youtu.be/RL7vOC3UfHI

Дастин Пориер (21-5 ММА, УФЦ 13-4) со мнозинска одлуката на судиите беше подобар од Џим Милер (28-9 ММА, УФЦ 17-8).

Иан МакКол на денот на настанот испадна од борбата со Џаред Брукс и мораше да биде хоспитализиран поради желудечни проблеми. Ова му е петта по ред борба што е откажана и не се борел од јануари 2015 година.

УФЦ 208:

Жермен де Рандамие – Холи Холм (едногласна одлука, 48-47, 48-47, 48-47)

Андерсон Силва – Дерек Брансон (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 30-27)

Роналдо Соуза – Тим Боеч (поднесување, кимура, Р1)

Гловер Тешеира – Жаред Канониер (едногласна одлука, 30-26, 30-26, 30-26)

Дастин Пориер – Џим Милер (мнозинска одлука на судиите, 28-28, 30-27, 29-28)

Белал Мухамед – Ренди Браун (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 29-28)

Вилсон Реис  – Улка (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)

Ислам Махачев – Ник Ленс (едногласна одлука, 30-25, 30-25, 30-27)

Рик Глен – Филип Новер (поделена одлука на судиите, 30-27, 28-29, 29-28)

Рајан ла Флар – Роан Карниеро (едногласна одлука, 30-26, 30-27, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО