Талевски, Станојоски и Велевски претрпеа порази во Германија

Македонските ММА борци Борче Талевски, Игор Станојоски и Милош Велевски се поразен и на ММА настанот Елит ММА чемпионшип 1 во Диселдорф во Греманија.

Борче Талевски е поразен од БЏЏ мајсторот и носител на црн појас Жолитон Сантос од Бразил на поени.

„Пораз на поени од многу добар мајстор, црн појас БЏЏ и џудо, но тоа е дел од овај спорт. Одиме уште појако во иднина. Секој пораз е лекција. После 2200 км пат и по еден ден дирекно во борба, тоа беше исцрпувачко за нашиот шампион, но даде се од себе. Имаше многу добар противник кој на крај дојде и му честиташе на Талевски за талентот кој го поседува и за борбата која ја прикажа. Изгубивме на поени, Талевски не е воопшто удрен, но тоа е тоа. Исцрпен од пат, против многу искусен и екстра добар борец, прикажа  борба за пофалба и од противникот и од организаторот кој најави нови средби во иднина .Одиме во Словенија по победа и да се врати Талевски на победничкиот пат“, изјави неговиот тренер Сашко Мирчевски.

Расул Малсагов беше пресилен за нашиот Милош Велевски, а искусниот Игор Станојоски претрпе пораз од Угор Озгаплан. Всушност тоа беше најкратката рунда на вечерта. По неколку секунди Игор се обиде да направи позиција за лост, но Озкаплан се спротивстави со гилотина. За Станојоски немаше излез од него и мораше да тапка.

Елит ММА чемпионшип 1

Расул Малсагов – Милош Велевски (ТКО, Р2)

Игор Станојоски – Угор Озкаплан (сабмишн, давење со гилотина, Р1)

Борче Талевски – Жолитон Перегрино Сантос (пораз на поени)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО