Амир Кан суспендиран две години поради допинг

Еден од најдобрите британски боксери, Амир Кан, нема да се натпреварува во следните две години, откако Антидопинг агенцијата на Обединетото Кралство (УКАД) потврди дека користел забранети супстанции за неговата борба со Кел Брук минатата година, објави Би-Би-Си.

Во неговата крв е пронајден остарин, супстанца која го поттикнува растот на мускулите.

Кан беше нокаутиран во 6. Рунда на средбата одржана на 19 февруари во Манчестер арената. Тој и Брук потоа објавија дека ја завршуваат натпреварувачката кариера. Сепак, сега шансата „Кинг Кан“ да се врати на професионалната сцена е нула, додека „Специјален кеј“ би имал избор.

Амир Кан беше олимписки сребрен медалист на Игрите во Атина во 2004 година. После тоа го освои сребрениот појас во лесна категорија на ВБЦ, како и појасите во суперлесна категорија на ВБА и ИБФ. Неговиот скор е 34 победи (21 нокаут) и 6 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО