Џо Џојс сака да се бори со Ентони Џошуа, но верува дека ќе избере друг противник

Ентони Џошуа ја исполни задачата што ја постави пред мечот против Џермејн Френклин.

Поранешниот светски шампион убедливо со едногласна одлука го победи американскиот боксер минатиот викенд во лондонската О2 aрена.

Тоа беше прв меч на Џошуа по двата порази од Александар Усик и влогот беше доста голем, бидејќи сака да си ја врати самодовербата.

Британецот сега може да започне нови предизвици, а сега би можел да бара потешки противници.

Неговиот промотер Еди Херн извесен период го споменуваше Дилиен Вајт како потенцијален противник, но Ентони изрази желба …

„Најмногу ме интересира Џо Џојс, би сакал да се борам со него. На луѓето оваа борба треба да им биде интересна, Џо е мој сонародник“, изјави Ентони Џошуа.

Џо Џојс (15-0, 14 КО) е привремен шампион на ВБО во тешка категорија и ќе го брани појасот на 15 април против Жилеи Жанг. Доколку Британецот го добие тој меч, треба да добие шанса да се бори со некој од врвот на дивизијата.

„Мило ми е што Џошуа ме спомна, мислев дека ми го избриша бројот од мобилниот телефон по поразот во Њујорк од Енди Руиз. Наскоро имам меч против боксер кој Џошуа не сакаше да се бори – сребрен олимпиец висок 198 сантиметри. Џошуа се борел против некој што не е во та класа“, изјави Џо Џојс и додаде:

„Тие би можеле да го договорат тој меч, двајца од најдобрите британски тешкаши, ова лето. И тогаш победникот може да се бори со Тајсон Фјури. Но, не знам дали Џошуа ја сака таа борба. Лесно можам да го организирам тој меч, нашите менаџери добро се познаваат. Ентони може да зборува за тешки борби против мене или Фјури, но ќе бара противник што претходно го победил, како Дилиен Вајт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО