Хорхе Масвидал откри дека поразот од Жилберт Барнс може да значи крај на кариерата

Колби Ковингтон треба да биде следниот предизвикувач за шампионскиот појас во полусредна категорија, според претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

Но, неколку други борци сметаат дека треба да го заземат местото на Колби.

Жилберт Барнс неодамна изјави дека победата против Хорхе Масвидал ќе му донесе место во мечот за титулата, а истото може да се слушне и од Гејмбред, кој се надева на триумф над Дурињо.

Брнс и Масвидал ќе се борат на 8 април на настанот УФЦ 287 во Мајами.

„Ќе се борам и ќе го победам Жилберт Барнс, а потоа следи мечот со Леон Едвардс. Имам некои информации“, изјави неодамна Хорхе Масвидал, а во видеото на УФЦ Одбројување откри што би можел да направи доколку загуби на тој меч:

„Тоа би можело да биде мојата последна борба. Ако загубам од Барнс, веројатно ќе се пензионирам. Но, ако победам, тогаш тоа значи дека работите одат во добра насока“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО