Амир Кан со појасот на УФЦ: Тренингот за УФЦ започна! (ФОТО)

Amir-Khan so UFC pojas

Амир Кан е најсвежиот пример на борец коj би сакал да ги тестира своите вештини со оние од другите спортови. Дека нешто се готви, може да се заклучи од последната објава на британскиот боксер со која најави почетокот ММА тренинг, а наводно веќе еден и одработил.

„Со појасот на УФЦ. Тренингот за УФЦ започна“, напиша Кан на својот Фејсбук профил со слика од октагонот на кој носи појас на реномирана ММА промоција.

Amir-Khan-celiot vo UFC kafez

Дека зад Кан е веќе одреден ММА тренинг, потврди Там Кан, ММА борец од Обединетите Арапски Емирати, чија сала во Дубаи деновиве ја посетил Амир.

Amir i Tam Kan

Да потсетиме, поранешениот боксерски првак оваа недела откри дека неговата желба е да влезе во октагонот и да направи меч со Конор Мек Грегор по правилата на ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО