Бурагскиот олимпиец, борачот Љубен Илиев, исчезнал – се бара замена

Ljuben Iliev

Бугарскиот олимпиец, борачот во слободен стил, Љубен Илиев, нема да патува на Олимписките игри во Рио, поради тоа што исчезнал. Никој не знае каде е.

Бугарскиот олимписки комитет (БОК) го избриша Илиев од списокот на патници, затоа што 15 дена никој не знае каде се наоѓа Љубен. Според познавачите на борењето, Илиев беше еден од фаворитите за медал во категорија до 125 килограми. Тој пред две недели заминал на подготовки во Русија, каде му се губи трага.

„Никој не знае каде е. Не се јавува ниту некој го видел. Не знаеме што би можело да биде во прашање. Едноставо исчезна”, изјави тренерот на боречката репрезентација, Валентин Рајчев, додавајќи дека Илиев е нестабилна личност и склон на испади. Во 2012 година поминал една недела во затвор затоа што се тепал со полицаец.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО