Нема одмор за Викторија Варадинова, спарингуваше и со светскиот првак Димитар Ѓоргиев (ФОТО)

Viktorija Varadinova spaga visina 2

Викторија Вардинова не мирува за време и на летните одмори и секојаприлика ја користи за подготвување и одржување на формата.

Viktorija varadinova spaga vo visina

Првиот дел од кик бокс сезоната беше одличен за Викторија, а сега ја чекаат нови предизвици, па за подобро подготвување деновиве во нивниот клуб Гладијатор од Штип беше и трикратниот светски првак во кик бокс Димитар Ѓоргиев. Со светскиот шампион направија неколку спаринзи за подобрување на борбените техники.

Viktorija i klubot so Dimitar

Викторија Варадинова (-60 кг) за постари кадети во кик лајт на Европксиот кик бокс куп во Карловац, Хрватска, го освои првото место, а во категоријата до 60 килограми за постари кадети во лајт контакт го освои сребрениот медал.

На Меѓународниот турнир на „Балкан опен 2016“ во Тешањ-Босна и Херцеговина го освои првото место во лајт контакт во конкуренција на постари кадети.

На Државното изборно првенство за јуниори и кадети кое се одржа во Неготино, Викторија Варадинова освои два златни медали во дисциплините лајт контакт и кик лај.

На Државното првенство за јуниори и кадети во Штип Варадинова освои два златни медали.

На Државното првенство во кик бокс за сениори, јуниори и кадети во Неготино во лајт контакт постари кадети (-65 кг) Викторија Варадинова стана шампион.

 

Viktorija Vardinova istegnuvanje

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО