Американски боксер во стилот на Мајк Тајсон се обиде да го гризне противникот (ВИДЕО)

Американскиот боксер со порториканско потекло Едгар Берланга ја продолжи победничката серија.

Непоразениот Берланга на боксерскиот настан во Њујорк со едногласна одлука на судиите го совлада Колумбиецот Алексис Ангуло и со тоа стигна до 20 победи во кариерата.

Но, посебно внимание на љубителите на боксот го привлече настанот за време на мечот кога Едгар се обиде да го гризне противникот и неговиот обид беше снимен од камерите.

Берланга во стилот на Мајк Тајсон сакаше да го гризне Ангуло кој ја насети намерата на противникот и навреме се повлече.

На спектаклот во 1997 година „Железниот Мајк“ му одгриза парче од десното уво на Ивандер Холифилд.

Американецот на крајот победи со убедлива одлука на судиите (98-92, 99-91, 99-91).

Берланга ги доби првите 16 натпревари со нокаут, а последните четири победи ги решија судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО