Ален Рустемовски: Ова беше вистински тест пред ЕП, ќе дадам се од себе да се прикажам во најдобро издание на Европското

Победите и поразите се составен дел од секој спорт. Имав двајца исклучително квалитетни противници од Шпанија и Русија, освојувачи на европски и светски медали и две супер велесили во боксот“, напиша на Фејсбук нашиот репрезентативец Ален Рустемовски по одличното финале на Белградски победник со Русинот Едуард Савин.

Рустемовски загуби со поделена одлука на судиите 1-4, но остави одличен впечаток и покажа дека има срце за борба, и тоа со најдобрите.

„Ова за мене беше вистински тест пред Европското првенство за сениори кое ќе се одржи следниот месец исто така во Белград, Србија, истакнува Алењн и нагласува:

„Ви се заблагодарувам на сите за поддршката и ви ветувам дека ќе тренирам повеќе, ќе дадам се од себе и ќе се прикажам во најдобро издание на Европското првенство кое ни следува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО