Тајсон Фјури: Имав секс со 500 жени

Тајсон Фјури е многу добар не само во рингот, туку и надвор од него. Се вели дека повеќе од петстотини жени можат да кажат за тоа.

Фјури изјави за Boxing News Online дека порано бил многу активен маж кој секојдневно уживал во друштво на убави жени. Во меѓувреме дома го чекале неговата сопруга Парис и неколку деца. Тешко е да се каже дали неговата сопруга Парис, со која Тајсон веќе има седум деца, може толку долго да трпи вакво неверство.

Само една афера протече во јавноста окупирајќи ги насловните страници на многу таблоиди во 2015 година. Во тоа време се зборуваше дека Тајсон е во врска со познатата Бејли Менсел. Таа изјави дека со британскиот боксер се забавувала два месеци, а кога станувало збор за интимноста, тој и изгледал прилично срамежлив.

Но, неговата срамежливост, наводно, ја надополнил со ливчиња од роза кои ги посипал сè до спалната соба. Сега Тајсон зборува за грешките од минатото и призна дека спиел со 500 жени:

„Да бидам целосно, целосно искрен, нема да кажам дека сум некој вид национален херој или пример за младите. Всушност, јас сум лажго и измамник, а некои од работите што сум ги направил во минатото навистина ме растажуваат.

Сум имал секс со 500 жени, можеби и повеќе. Престанав да бројам по петстотини. Потоа почнав да пијам и паднав во депресија. Не сум многу религиозна личност, но знам дека грешките што некогаш сум ги направил ми се враќаат во животот.

Длабоко жалам за моите постапки во минатото и се обидувам да се искупам за нив. Се трудам да им помогнам на оние кои имаат психички проблеми како мене и се трудам да донирам во добротворни цели. Знам дека нема да ги искупи моите гревови, но морам да направам нешто“, призна тој.

Фјури се враќа во рингот во мај за да се бори со Александар Усик. Двајцата ќе се борат за неприкосновената титула во Ријад, Саудиска Арабија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО