Александар Волков го нокаутира Александар Романов во првата рунда

Во коглавната борба на гала вечерта на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас се сретнаа Александар Волков и Александар Романов. Нивниот меч беше дел од тешка категорија. И двајцата сакаа да си честитаат победа која ќе ги доближи до златото во дивизијата.

Волков со голема самодоверба влезе во октагонот. Романов веднаш се обиде да ја однесе борбата на партер и го закачи Волков за мрежата. Се разделија по 50 секунди, по што Волков почна да го обработува противникот во стој.

Романов се обиде со уште едно соборување, но Волков повторно се одбрани. „Драго“ му го фати грбот на Романов и почна да го удира во партер. Ова го принуди судијата да се вклучи и да ја прекине борбата која траеше само 2 минути и 16 секунди.

Волков ја забележа втората последователна победа со нокаут во првата рунда. Романов влезе во серија од 2 последователни порази.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО