Алагаш задоволен од семинарот, воодушевен од културно-историските споменици, изневерен од репрезентативците кои постојано го канеле во Македонија (ФОТО)

Alagas so vezbacite na seminarot

Турскиот карате ас, Халдун Алагаш, во саботата одржа семинар во салата „Методија Андонов-Ченто“ во ОУ „Наум Наумовски-Борче“ во организација на КК Куштрими.

Alagas seminar site ucesnici

Алагаш ни ги откри првичните впечатоци од семинарот, кој рече дека е задоволен од работата на присутните, а од повозрасните каратисти го пофали балканскиот шампион Енес Смаилагиќ, велејќи дека е физички подготвен каратист. За Азиз Исмаил истакна дека добро работел, а на носителот на сребрениот медал од Европското првенство во кати, Абдурахим Идризи му посочи да смени некои детали при изведбата на кизамецуки и уромаваши.

Enes na seminarot na Alagas

 

„Единствено не ми беше јасно тоа што не беа присутни репрезентативците на Македонија кои најавиле присуство. Обично кога ќе ме видат во Турција, сите ми велат дека би сакале да ме видат во Македонија“, забележа Алагаш.

Alagas pred kameni most

Покрај семинарот Алагаш посети повеќе културно-историски споменици во Скопје, Тетово и Гостивар.Alagas pred Aco

„Задоволен сум од посетата, тргнувајќи од фактот дека сум љубител на антиквитети и стари градби, огромен впечаток ми оставија старите градби во старата скопска чаршија, Сули ан, Безистен, амаммите, калето, а ремек дело е камениот мост. Ги посетивме и новите споменици, како што се Александар Македонски, Триумфалната порта, која ме потсети на Париз“,  истакна Алагаш, кој посочи дека е импресиониран од фактот што Мајка Тереза е по потекло од Скопје. Во Тетово најголем впечаток му оставила Шарената џамија, која е ремек дело и ретко видена работа, а во Гостивар Саат кулата, Беговата куќа во центар и црквата кај изворот во Вруток.

Alagas majstori

„Ова ми беше прва посета на Македонија, луѓето се прекрасни. Ова е прв семинар и зошто не би бил и традиционален. Ако се има во предвид фактот дека градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, на КК Куштрими му даде целосна поддршка за понатамосно продлабочување на соработката, а истовремено и од АМС добив предлог овој семинар да стане традиционален“, нагласува Алагаш.

Jovan i Enes so Alagas

Од семинарот и посетата на Алагаш произлезе договор за збратимување меѓу КК Куштрими и Коџаели генчлик спор (клубот на Алагаш).

Alagas avtogram

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО