Агит Кабајел ја одбрани европската титула во тешка категорија (ВИДЕО)

Агит Кабајел (Германија) ја одбрани европската боксерска титула за професионалци во тешка категорија. Тој во 12 рунди го победи Андриј Руденко на гала вечерта во Магдебург – Германија. Предизвикувачот почна поагресивно, но постепено беше сопиран.

Руденко дури беше соборен во нокдаун по удар во телото во шестата рунда. По последниот удар во гоногот, судиите му дадоа убедлива предност на Кабајел.

Ова беше 19-та победа (13 со нокаут) за шампионот. Кабајел е трети во ранглистата на Меѓународната боксерска федерација (ИБО).

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=c4Km0ly-jUM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО