Рамирез стана шампион со впечатлив нокаут (ВИДЕО)

Едуардо Рамирез со впечатлив нокаут во деветата рунда го совлада Брајан де Гарсија на галавечерта во Бруклин, Њујорк, во мечот за титулата на Светска боксерска асоцијација (ВБА) во перо категорија.

26-годишниот Мексиканец заостануваше на поени, но по еден феноменален десен аперкат успеа да го разниша шампионот и го испрати на јажињата. Следеа брутални удари, по кои средбата заврши.

Рамирез веќе има 22 победи (9 со нокаут), 1 пораз и 3 нерешени. Скорот на Де Гарсија е 24 победи (20 нокаут), 2 порази и 1 нерешена.

https://www.youtube.com/watch?v=fvxJWZ3Dl3M

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО