Данил Николсики прв на Европскиот џиу џицу куп во Марибор, уште 1 сребро и 2 бронзи за штипајни

Данил Николиски од Осенсеи освои златен медал на Европскиот куп во џиу џицу и „Марибор опен 2019“ во Словенија. Данил медалот го освои во категоријата до 14 години победувајќи ги претставниците на Словенија, Италија, Бугарија и Србија.

Вчера Ева Димитрова – кадетки (У-16), -57кг – освои сребрен медал, додека Станислав Грпов (кадети У-16, -46 кг) и Христијан Јованов (јуниори У-21, -85 кг) се закитија со бронзи.

Во Јадранската лига Осенсеи загуби 2-4 од Минотаур од Република Српска поради малиот фонд на натпреварувачи, инаку беа пред големо изненадување.

17-годишниот Христијан Јованов остави одличен впечаток во една неизвесна инфаркт средба, иако на крајот загуби минимално со 10-8. Во преостанатите две средби, штипјани доминираа. Александар Илиевски со фул ипон го победи својот противник ,а потоа и Виктор Велинов постигна висока победа од 10-3.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО