Адонис Стивенсон останува во кома и нема подобрување

Поранешниот шампион во полутешка категорија Адонис Стивенсон загуби со нокаут од Александар Гвоздик во Канада. Веднаш по борбата беше однесен во болница и неговата состојба беше критична и требаше да биде ставен во вештачка кома. Неодамна тој беше подложен на операција како итен случај, затоа што има сериозна траума во мозокот.

Лекарите му дадоа големи шанси да преживее, но рекоа дека последиците од повредата може да останат до крајот на животот. Немаше многу информации за него во последните недели, но денес неговиот промотор Ивон Мичел изјави дека неговата состојба не се подобрила и се уште има потреба од механичка помош, за да може да дише. Тој рече и дека Адонис не бил свесен, а лекарите не се занимаваат со прогнози за неговата состојба.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО