Адем Хајдар(и)оглу – амбасадор за боречки спортови на Македонија во Турција (ФОТО)

Adem Hajdaroglu

Амбасадор на Македонија за боречките спортови во Турција, но и останатите, Адем Хајдароглу или кај нас попознат како Хајдари, кој пред многу години се иселил во Истанбул. Тој секогаш ги пречекува нашите спортисти и организира средби, преведува и уште многу други работи, само за да им помогне на спортостите од Македонија. Се занимава со карате, тренира учеиници, а и подготвува каратисти за големите натпреварувања.

Adem so boracite na Tefjuz

Викендов борачите на Тефејуз ги користеа бенефитите на Адем.

Инаку тој почнува да се занимава со карате во 1973 година во Металург од Скопје кај тренерот Стевчо, за потоа да го тренираат Никола и Драган Грдановски, Мирче Јанушевски. Во 1989 година поминува во КК Цветан Димов и работи и  како помошен тренер на Јован Лазарев.

Adem stara slika od Gazi Baba

Три години е шампион на Македонија 1986, 1988 и 1992 година, а во 1986 година изборува место во репрезентацијата на Македонија и настапува на Државното првенство на Југославија во Прилеп. Во 1985 година на меѓународен турнир во Охрид, на кој присуствувале и големиот јапонски мајстор Коно и ју-мајсторот Марко Ницовиќ, го освојува третото место, пред него се браќа Енвер и Агим Идризи. Сепак, за него овој успех и тажен, бидејќи тогаш се разделиле со многу добриот другар Јорго Огеновски, кој змаинал за САД.

„Кога Димче Кичевски ми го закачи првиот освеон медал, како првак на Македонија, не знаев кај ми беше крајот од радост. Затоа добив награда-10 дена на подготовки со репрезентацијата во Леуново во Маврово“, се сеќава на радосниот ден Адем.

За црн појас полага пред легендарниот Таиџи Казе во Охрид 1980 година. Се натпреварувал 20 години во Првата лига на Македонија и никогаш не бил резерва, туку секогаш во првата постава.

Adem so VSKF Makeodnija i Ninja

Хајдароглу во 1990 година се иселува во Турција во Истанбул, каде што единствено занимање му е каратето, а поради неговиот придонес во равојот на овој спорт Турската карате репрезентација ја поднела иницијативата да добие турско државјанство. Таму тренира кај основачот на карате спортот во Турција Хаки Коши, кој две години бил во Јапонија ка Казе. Во 1992 година влегува во ВСКФ и е првиот човек од овие краишта што направил контакт со Хитоши Касуја, пре кого во 1992 година полага за мајсторски појас втори дан во Истанбул.

Сепак, во 1993 година повторно се враќа во Македонија на повик на Славе Пашоски и работи како тренер во Ворлд шотокан карате академијата. Нивната соработка трае е до ден-денес.

Adem OI 2020

„Секогаш ги помагам н ашите спортисти-каратисти, борачи. Нашиот сон, мојот сон, е каратето да стане олимписки спорт“, истакнува Адем, кој постојано тренира со ветераните и ги посетува сите семинари на јапонските мајстори кои доаѓаат во Турција.

Не може да ги заборави времињата кога се бореле и се дружеле со Назим Куртовиќ, Чедо Саздовски, Мирче Опеловски, Јорго Огеновски и другите каратисти.

Но на еден детал со восхит зборува.

„Како добар спортист во ЈНА, ме повикаа да им бидам обебзедување на Јованка Броз и Тито во Словенија. Задачата си ја извршив префекѕно, за што добив наградно отсуство до 10 дена. Со внуката на Тито, Александра-Сашка сме приатели на Фејсбук и редовно контактираме“, гордо истакнува нашиот каратист.

Најголем впеачток во карате кариерата му оставила борбата со Опеловски.

„Тој беше ѕвезда, а јас се борев во категоријата до 65 килограми-полутешка. Многу го изнамачив и на крајот ме победи со половина поен, иако сите мислеа дека ќе ме згази“, вели Адем и додава дека од денешните каратисти во Македонија посебен впечаток му оставил Абрурадхим Идриџи, зашто го посетувал на неговите настапи. Од друга страна, истакнува дека во негово време се вежбало потврдо, додека сега е поеластично и побрзо.

Adem so karatisti vo Turcija

За Адем во овој момент приоритетно е враќањето на македонското државјанство.

Како спортист тој се докажува и во други спортови, па такла станал првак на Турција во кунг фу до 75 килограми, а се има борена и на првенствата на Истанбул и Турција во карате. Сега се занимава со маратонско трчање на 15 километри и досега иматрачано на пет маратони.

Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО