Фантастичен нокаут на Мурат Гасиев (ВИДЕО)

Murat Gasiev - Shimel

Дваесетидвегодишниот нокаутер Мурат Гасиев (23-0, 17 КО) продолжува да ги урива противниците.

Руската крузераш новата победа ја забележа во Карлсон во Минесота со нокаут над 27-годишниот Американец Џордан Шимел (20-2, 16 КО).

Гасиев го нокаутираше Шимел со фантастично лево кроше во првата рунда.

Во последните девет борби Гасиев осум ги заврши со прекин, додека претходната борба со Исаија Томас е поништена бидејќ Томас не можеше да продолжи по ударот што го доби по ударот на гонгот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО