Абдурахим Идризи од Макпетрол не дозволи изненадување на „Струга опен“

Абдурахим Идризи од Макпетрол го освои првото место во категотијата кумите јуниори -55 кг на Меѓународен карате турнир „Струга опен 2017“.

Идризи имаше одличен настап, велат од Макпетрол, при што победи во две борби без да загуби поен.

На Струга опен учествуваа 477 натпреварувачи од 53 клубови од 5 земји, Македонија, Австрија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Инаку, како дел од настанот беше и доделувањето на плакети, при што покрај претседателите на федерациите на Македонија, плакета му  беше доделена и на секретарот на Карате унијата на Албанците во Македонија, Аљко Идризи, за придонес во карате спортот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО