Пет медали за Дрим на најмасовниот европски турнир „Борса опен“ (ФОТО)

ЏК Дрим од Струга на најмасовниот турнир во Европа „Борса опен“ во Мостар, Босна и Херцеговина, освои пет медали – 2 сребрени и 3 боронзени.

Стружани велат дека ова е огромен успех за нив и дека зборува за квалитетот со кој располагаат.

На турнирот учествува 32 земји со повеќе од 100 клубови и 1375 натпреварувачи.

Со медали се закитија Христијан Глигорски и Доријан Петкоски со сребрени, Анамарија Стојмиловска, Нелоски Марио и Герасим Кумбароски со бронзи.

Берин Сабоски и Михаил Касниоски не освоија медали.

Тренерот Ѓорги Стојанов е задоволен од постигнатите резултати и од покажаните борби на неговите натпреварувачи.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО