АктуелноМеѓународна сценаММА
Федор Емилијаненко ќе се бори на 29 декември во Јапонија


Рускиот ММА борец Федор Емелијаненко ќе влезе во октагонот во Јапонија на 29 декември.
Името на ривалот на „Последниот император“ ќе биде познато подоцна, но скоро е сигурно дека ќе биде Квентин Џексон. 41-годишниот Американец попознат како ремпејџ Џексон.
Ова лето, Емилијаненко потпиша нов договор со Белатор. На 29 декември, Белатор и Ризин ќе бидат домаќин на заеднички турнир во Јапонија.
„Ова ќе биде последна борба на Федор Емелијаненко во Јапонија“, изјави претставник на Ризин за ТАСС.
43-годишниот Емелијаненко има 44 борби во ММА, во кои забележа 38 победи и претрпе 6 порази, а еден меч беше прогласен за неодржан.
Порано претседателот на Белатор Скот Кокер изјави дека Емелијаненко ќе ја заврши кариерата со борба во Русија.


