Одличен есенски старт на Хва ранг ИТФ со 5 медали од Плевен и сјајно издание на Елена Јанеска

Младите натпреварувачи на Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ одлично ја почнаа есенската сезона на Меѓуанродниот турнир во Плевен, Бугарија, освоија 5 медали – 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени во дисциплината спаринг за деца до 14 години.

Медалите ги освоија:

Елена Јанеска – златен, 12-13 год. +60 кг

Давид Крстески – сребрен, 12-13 год. -45 кг

Христијана Парулеска – сребрен, 10-11 год. -35 кг

Софија Колушоска – бронза, 8-9  год. -35 кг

Владимир Димитриевиќ – бронза,  12-13 год. -40 кг

„Како што знаеме, Бугарија е една од најјаките федерации во светот и затоа на нивните натпревари се радуваме посебно на секој медал. Конкуренцијата беше  голема и квалитетна, настапивме со тројца
дебитанти, со еден натпреварувач во прогрес и со двајца од нашите најдобри натпреварувачи. Посебно ме радува фактот што жребката испадна така како што планиравме. Специјално бевме отидени заради Давид Крстески, во чија категорија е европскиот вицешампион во борби Љубомир Дракалски. Се надевавме дека ќе се падне со него, а за наша среќа најдобрите се сретнаа во финалето, каде  со мала судиска помош со  многу тесна разлика победи домаќинот, со што Давид покажа дека се уште е врвен спортист, совладувајќи претходно тројца противници до финалето. Исто така, Елена Јанеска во финале се бореше со репрезентативка на Бугарија, каде и покрај судиските неправди го освои златниот медал. Така, Елена почнува да ги исполнува сите критериуми за учество зa наредното Европско првенство во Прага 2019. Валдимир
Димитриевиќ го осови 3 место во неговата категорија, кој полека  ги следи стапките на неговиот брат Божидар Димитриевиќ кој беше претствник на нашата репезентација на Светското првенство
во Пловдив оваа година. Од нашите дебитанти бевме најпријатно изненадени. Хриситјана Парулеска го освои второто место во категоријата, додека Софија Колушоска се закити со бронзен медал“, рече тренерот Марјанчо Лазаревски.

Ееднствено Јохан Парулески не освои медал, за кого Лазаревски има само пофални зборови, затоа што бил пријавен во категоријата за деца 8-9 години -45 кг, но поради немање на противници е префрлен, по негова желба, во поголема старосна категорија во деца
10-11 години.

„Имаше одлични две борби, иако не дојде до медал , посебно се гордееме со него, за неговата храброст што влезе со постари од него. Сите знаеме дека во тие години разликата е голема, а за него ова е втор натпревар, а прв надвор од Македонија, затоа Јохан за нас е најголемиот успех на овај натпревар“, категоричен е тренерот на
клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО