Македонскиот воин – Даниел Стефановски на 15 јуни ја напаѓа третата светска титула

Даниел Стфеновски на 15 јуни ќе се бори за светската титула на ВКУ во К-1 до 79 килограми против Јану да Круз на настанот  Гладијаторс најтс во Цирих, Швајцарија. Македонскиот воин ја напаѓа третата светска титула по оние на Суперкомбат минатата година и на ИСКА која ја освои годинава.

„Мислам дека ова ќе биде тешка борба, оти и сега сигурно и тој е подготвен за 5 рунди. Подготовките супер ги поминав, а ќе одам 5-6 дена на спаринг во Холландија. Гледам напред и  100 отсто сум подготвен да ја освојам мојата третата светска титула“, вели Стафновски!

Да потсетиме дека во 2017 година Стефановски го нокаутира истиот противник во првата рунда во Мадрид, под закрила на Суперкомбат.

„Мислам дека овиј пат многу поподготвен, ама јас и овој пат ќе гледам да ја завршам борбата во првата рунда“, категоричен Даниел.

Тој се заблагодарува на сите за поддршката што му ја даваат.

https://youtu.be/_8QFTTuq7lo

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО