ФФЦ 18 ММА: Покрајац се врати од пропаста, Пејиќ и Максимовиќ нерешено со одлука на супервизорот!

pokrajac FFC

Игор Покрајац го прослави својот деби настап во организација на ФФЦ, но тоа не беше лесно, бидејќи по половина минута беше сериозно разнишан. Но, тој закрепна и ја сврате борбата во своја корист. Најинтересна ситуација беше видена во борбата на Филип Пејиќ и Слободан Максимовиќ . Иако судиите со мнозинска одлука го прогласија Пејиќ за победник , супервизорот го користи своето право да ја поништи одлуката и ја прогласи борбата за нерешена.

Игор Покрајац-Арконтис Таксиарчис – нокаут, во првата рунда (03:03)

Игор Покрајац победи во дебито на ФФЦ, откако веќе во првата минута, буквално беше воситуација „да игра по работ“. Гркот, кој што ја прифати борбата само три дена пред тоа, дојде и се обиде на се или ништо, веројатно поради недостаток на кондиција, бидејќи немаше тренинзи за борбата. За малку тоа ќе му се исплатеше откако го погоди Покрајац со десно кроше, кое го стресе. Но, поранешниот УФЦ-вец се оправи, брзо дојде при себе, никаде не брзаше, чекаше можност да спарите квалитетни удари, и, тоа му се исплати, бидејќи противникот го донесе, речиси, до бесвест, а Златко Клариќ можеше само да ја прекине борбата и да го прогласи Покрајац за победник.

Резултати ФФЦ 18 ММА:

Игор Покрајац-Арконтис Таксиарчис – нокаут, во првата рунда (03:03)

Ласло Сењеи-Тончи Перучко – предвање со присила (давење од позади) прва рунда (4:0)

Филип Пејиќ-Слободан Мкасимовиќ – нерешено (со одлука на супервизорот)

Иван Глухак-Душан Џакиќ – нокаут, прва рунда (4:12)

Ивица Трушчек-Ласло Солтец – нокаут, прва рунда (2:57)

Данило Белурадо-тилен Колариќ – нокаут, прва рунда (2:03)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО