Форца се промовира како еден од најдобрите карате клубови во Македонија!

Forca logo - kancelarija

Минатата, a посебно оваа година, Карате клубот Форца од Скопје се истакнува со резултатите на домашната сцена, но и на меѓународните турнири, во помладите категории, до кадети. Овој клуб на неколку турнири е прогласуван за најуспешен, за што говорат бројот на освените медали или на вкупно осум излегувања на татамито каратистите на Форца оваа година се закитија со 147 медали, од кои 55 се златни, 34 сребрени и 58 бронзени.

Gurgevac prvi

За да се постигне ваков успех и да се стигне и да се биде дел од силните меѓународни турнири, а и дел од репрезентацијата на Македонија за Балканското првенство потребна е огромна работа, но и голема поткрепа од управта на клубот за да се обезбедат добри услови за работа и средства за патувања и настап.

Од почетокот на јануари до сега, Форца настапи на осум меѓународни турнири, од кои само два се во Македонија.

Тренерот, кој неуморно работи 10 години во подигањето на генерацијата квалитетни каратисти во Форца, Муарем Имери, ја потенцира ангажираноста на упрвата на клубот, како нераскинлив дел од нивниот успех. Muarem i Arpa

-Прво да се заблагодарам на претседателот на клубот, Шкодране Дралишта, што ни овозможи добри услови за работа, а тоа ни дава волја да тренираме секој ден и да учествуваме на многу турнири. Имаме огромна поддршка и од родителите на децата и од Општина Чаир. Градоначалникот Изет Меџити ни овозможи добри услови за работа, а не помага и за патувањата, – истакнува тренерот Муарем Имери.

Клубот има голема активност. Настапува на меѓународни турнири, како на домашната сцена така и на меѓународната, а по некој пат се случува за еден викенд да учествуваат на два турнира.

Годинава низата на успеси почна од „Гран при Кроација“ во Хрватска, исклучително силен турнир, каде што каратистите на Форца освоија 7 медали (3 златни-1 сребрен-3 бронзени). Исто толку медали се освени и на „Свис опен“ во Швајцарија (1-3-3), додека на „Фуш Косова опен“ 21 (6-4-14), а клубот е прогласен за најдобар во вкупниот пласман. На двата домашни турнири, Форца исто така е најуспешен клуб, на „Фунакоши Гичин опен“ освои 23 медали (7-8-8), а на „Гази Баба опен“, најголемиот карате турнир во нашата земја, 36 медали (13-7-16), при што Зубер Бајрами е прогласен за најдобар каратист на турнирот. Десет одличја (6-1-3) освоија на „Ипон опен“ во Приштина, а на „Улцин опен“ во Црна Гора е трет клуб по успешност на турнирот со 29 медали (13-8-8). И на последниот турнир во Хрватска „Ѓургевац опен“, во силна конкуренција Форца е најдобар клуб со 14 медали (6-2-6).

Сепак, Имери не го крие задоволството и од успехот на Државните првенства.

-Во 2013 и 2014 година од 11-14 години каратисти се државни прваци, а, од друга страна, десетмина се во репрезентацијата на Македонија за Балканското првенство. Сите што ќе обезбедат место во репрезентацијата клубот и ги покрива трошоците за учеството на Балканското првенство, – истакнува Имери.

Каква е иднината на клубот, ако се има во предвид дека генерациски каратистите се тука некаде, Имери ќе рече:„Очекувам 8-10 деца да остварат добри резултати и во јуниорска и во сениорска конкуренција на европските и на светските првенства, што значи дека прво треба да бидат и шампиони на Македонија“.

Gazi ba ba forca prva

Неколку кратисти се издвојуваат со успесите, Абдурахим Идризи има најзабележителни настапи на Балканските првенства соAbdurahim Idrizi вкупно шест медали во борби и во кати, кој има два златни медали, два сребрени и два бронзени. Тој е и шампион на Македонија и во кати и во борби, трипати во борби и два пати во кати и еднаш вицепрвак. Сајра Морина е државен првак и балкански шампион во борби, Евра Халими има сребрен медал од БП.

-Оваа година очекуваме резултати од Арта Буши и Јусра Адеми, а во кати од Сухејб Весели, кој четири години нема пораз. Потоа од Зубеир Бајрами и Сами Бајрами, како и од кадетот Верона Ајдини, – нагласува тренерот на Форца.

Главна цел на клубот оваа година е Државното првенство и учество на неколку меѓународни турнири. Сепак, успесите не се случајност и не доаѓаат сами по себе, туку бараат макотрпна работа. Во случајот на Форца тоа не отсуствува, бидејќи со непрегорната работа се приближуваат, барем во помладите категории, до Металург, Макпетрол и Ронин.

-Како клуб постоиме десет години, а за да се постигнат резултати потребно е многу работа, дисциплина и финансиски средства. Тренираме секој ден, а пред Балканско првенство и по два пати на ден. Ние сме на пат да се доближиме до квалитетот и успесите на овие реномирани клубови. Мислам дека во блиска иднина ќе бидеме меѓу првите клубови и во јуниорска и во сениорска конкуренција. Имаме кворум и потенцијал за тоа, – категоричен е Имери.

Forca vo Pristina na Ipon 2015

Може да радува бројноста на кратистите во клубот и нивната генерациска изедначеност, бидејќи во сениорска конкуренција во македонското карате се забележва осипување. Во таа насока Имери препорачува за сениорите да има повеќе финасии и да не се меша политиката во каратето, зашто тоа го расипува спортот.

-Каратистите треба да имаат некој стимул од бавењето со овој спорт, ако сакаме успеси, но и да го задржиме стекнатото реноме, а и да бидеме и поуспешни. Во различни држави ова решено на повеќе нашини. Знам дека претседателот на КФМ, Драги Стојановски, ги помага сениорите, – посочува Имери.

Од друга страна, тој ја истакнува потребата од што поголема афирмација на каратето, бидејќи има најмногу резултати.

Aljko voTurcija

Но, одењето на турнири не е единствениот белег на клубот, туку и усовршувањето и постојано учење на тајните на карате спортот. За таа цел се организираат семинари со големиот мајстор на каратето од Турција, Окај Арпа, европски и светски првак.

-Тоа беше многу успешен семинар во Скопје, што го посетија 80 спортисти од Македонија. Арпа беше задоволен од работата на нашите каратисти. Се збратимивме со неговиот клуб. Во план е посета на семинар во Турција, а и повторно да го поканиме во Скопје, -вели Имери, посочувајќи дека ќе го пречекаат со сите нишани, како што доликува за еден голем мајстор.

Seminar so Arpa

Ipon.mk/ В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО