Кикбоксерите го поминаа мерењето и ги чекаат дуелите! (ВИДЕО)

Plakat za Polska

Утре во Врашава се одржува двомечот Полска-Македонија во професионален кик бокс на„ДСФ кикбоксинг челинџ“ настанот.

Мики Ивановски се среќава со Камил Рута, Димитар Геориев со Лукаш Вичовски и Кристина Стојчевска со Дорота Годзина. Мики и Кристина ќе се борат во К-1 дисциплината, а Димитар во фулконтакт.

Нашите кикбосери се највени како ѕвезди, односно Ивановски како носител на бронзен медал од Европското првенство во Шпанија минатата година, а Димитар Георгиев како двократен светски шампион, кој годинава треба да ја брани титулата.

Погледнете ги видеата од официјалното мерење и јавниот тренинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО