Хрватска нема да патува на Европското првенство?!

Денешната прес-конференција ХКС
Денешната прес-конференција ХКС

Денес од Хрватска стигна интересна вест, дека нивната карате селекција може да не патува на Европското првенство во катрате за сениори во Истанбул од 19 до 22 март, а причината за тоа е недостатокот на пари. Ова денес го кажа генералниот секретар на Хрватскиот карате сојуз, Дарко Шимунец, додавајќи дека имаат проблем во комуникациите едни со други и дека ваквата ситуација е неодржива.

-Од оние што не кофинансираа не добивме пари и за претходниот настан, за ЕП за кадети, јуниори и помлади сениори кој во февруари се одржа во Цирих. Тој износ е нешто повеќе од 250 илјади куни. Во таква ситуација, ние, практично сами треба да го финансираме одењето во Турција, а за тоа, во овој момент, немаме пари. Се сретнавме релевантните за новата ситуација, не знаеме како сето ова ќе се реши, – изјави Шимунец.За оваа ситуација проблемот избил на релацијата Министерството за наука, образование и спорт, од една страна, и Хрватскиот олимписки комитет, од друга страна. Поради тоа, Шимунец вели дека комуникациите едни со други во никој случај не сака тоа да биде причината за не заминување на хрватски спортисти на големи меѓународни натпревари. На овој начин во иднина во прашање ќе бидат довдени настапати на хрватските спортисти на европски и светски првенства во разни спортови. Смета дека сегашната ситуација е неодржлива, затоа искрено верува дека за тоа многу брзо ќе се најде решение за доброто на хрватскиот спорт, воопшто.

-Јас сум шокиран од можноста по долготрајните подготовки, на крај, да не одиме во Истанбул. Се надевам дека тоа нема да биде проблем и дека Хрватска на Европското првенство ќе се претстави на најдобар можен начин,- истакна повеќекратниот освојувач на медали од светските и европските првенства, Данил Домдјони.

 Потоа се наведува дека минатата година во Тампере, Финска, освоиле бронзен медал, при што бил продолжен континуитетот на освојување на медали на големите настани.-Овој пат добро се подготвивме. Се надеваме дека и сега ќе го продолжиме тој тренд,- вели капитанот на хрватски женски тим во борби Ана-Марија Бујас Селан, која истакна дека изгледите на нивните девојки во индивидуалните настапи се добри.Критериум за нивниот настап било неодамна одржаното Првенство на Хрватска во Загреб. На последниот Европски шампионат во Финска воодушевија каташите. Двата тима во екипна конкуренција ги освоија бронзените медали, а како фаворити за висок пласман се споменуваат Влатко Киук и Џон Ерменц. Инаку, хрватска репрезентација брои 24 члена и на пат за Турција треба за тргне во вторник наутро.

 КФМ да делува превентивно 

Имајќи го во предвид проблемот со кој се сочува хрватската репрезентација, како неизбежно се поставува прашањето дали Карате федерацијата на Македонија (КФМ) не треба да преземе мерки на превенција, за да не не снајде хрватскиот проблем. Зошто го велиме ова?! Затоа што во сегашната ситуација клубовите сами го финасираат патувањето на Европското првенство, исто така и сами си плаќаат котизацијата од 80 евра. Нормално, има исклучок од ова правило, а тоа е, ако освоиш медал на некое од првенствата (ЕП или СП), на наредното патуваш на сметка на КФМ и парите на матичниот клуб се враќаат (по Правилникот на КФМ). Во сегашниов случај, европскиот првак Емил Павлов е на сметка на Федерацијата.Ова значи дека ако си талентиран, немаш пари и не си од богат клуб, ќе тапкаш во место. Од друга страна, наметнатите критериуми за влез во репрезентацијата, учество во Карате 1 Премиер лигата, Балканските првенства, Државното и Плеј-оф првенство се излишни, затоа што националните избраници не се чувстуваат комотно, бидејќи зависат од парите на клубот.Ако се репрезентативци и за тој статус се избориле на татамито на престижни меѓународни натпреварувања, зошто тогаш да не бидат горди на тоа и да имаат комодитет во душата, што ќе биде основ за порелаксиран пат до медалите?!

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО