БК Вардар: Заостануваме за светот, но еден медал може да освоиме на Европското првенство!

Aleksanadar Medved i Pesko
Живата легенда-Александар Медвед и Љубиша Пешко

Стручниот штаб на БК Вардар по Меѓународниот „Гранд при Медвед“ во Минск, Белорусија, одржа состанок и ги анализираше прикажаните борби на турнирот и противниците на нашите репрезентативци на претстојното Европско првенство во Полска за младинци до 23 години. 

Покрај разменетите меѓусебни мислења околу подготвеноста на Зубаиров, Хамикоев, К.Пешо, Мамути и Павлев при што како показатели се земени подготовките, изборниот шампионат, турнирите во Шведска и контролните борби.

 – Дојдовме до констатација дека сме назад со тренажниот процес минимум 3 месеци,- го пренесува мислењето на стручниот штаб ФБ страницата Варадар вристлинг.

Vardarci vo minsk

Самиот турнир во Минск донел позитивни идеи и амбиции за развој на македонското борење, но и разочарување во поглед на споредбата на македонскиот квалитет на борачите прикажан на изборниот шампионат во Скопје и квалитетот на светските борачи учесници на „Медвед“.

Тренерите Гајдар Гајдаров и Љубиша Пешко во интерес на вардаровите борачи и сите македонски репрезентативци ги следеа внимателно борбите во сите тежински категории , каде што се прикажани извонредни борби, брилијантна техника и енормна психо-физичка подготовка.

Европското првенство У23, на кого ќе учествуваат вардаровите борачи, според Гајдаров, би требало да освојат барем еден медал, но тренерот Пешко посочува доколку во иднина не се направи подобрен стручен тим во репрезентацијата, при што во работата ќе бидат вклучени: медицински тим, физиотерапевти, фитнес инструктори, без користење на суплиментација, тогаш тешко ќе се оствари забележитетелен светски резултат, па и олимписка норма.

Голем интерес имало за соработка со стручниот тим на Варадар од неколку земји, како Азербејџан, Узбекистан, Киргистан, Казахстан, кои се велесили во боречкиот спорт.

Pesko so trener

Но, според оваа страница, тренерите се определиле да направат силен Вардар, при што ќе ангажираат уште неколку искусни координатори од типот на заслужниот тренер на Русија, Анатолиј Маргиев (ЦСКА-Москва).

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО