Европскиот шампион доинираше за Максим Стојановски-донирајте и Вие!

Veci portret

Европскиот шампион во кадетска конкуренција од последното Европско првенство во Цирих, Вероника Костовска од КК Кеикс, донираше одредена сума на парични средства за малиот Максим Стојановски, на кого му е потребна операција на очите, за да може да гледа нормално, како сите деца.

Ги повикуваме сите хумани луѓе да му помогнат на Стојановски. Шампионскиот дух нека не носи сите, како што го направи тоа Веци.

Драги пријатели, ајде како и секогаш  досега, да подадеме рака.

Да му помогнеме на едно мало детенце да ги види сите убавини на овој свет.

Да ги види насмеаните лица на мама, тато и сите кои неизмерно го сакаат…

Малиот Максим Стојановски е роден пред две ипол годин , и со грижата на мама и тато расте во едно прекасно детенце, но сепак, Максим има еден проблем за кој сме му потребни и ние.

Максим има проблеми со видот и во нашава земја, нема решение за лекување на Максим.

Решението за видот на Максим е во операција во странство, две интервенции веќе се направени, меѓуостанатото и  со помош на хуманоста на нашите граѓани, но проблемот на Максим со очните нерви е сложен и треба да се третира повеќе пати, односно на секои 6 (шест) месеци.

Интервенциите се извршуваат во Русија, и на семејството му се потребни 6000 евра за една интервенција.

Затоа, Мама и Тато на Максим не замолуваат сите нас уште еднаш да помогнеме.

Донациски броеви:
ВИП 077/ 143-110
ОНЕ 075/ 143-171

T-mobile 070143133

Жиро сметка;

НЛБ Тутунска банка АД Скопје

жиро с-ка бр.: 210 7000006132 73

на име Максим Стојановки

     цел на дознака:донација за лекување во странство

 Жиро сметка за донации од странство:

IBAN Code MK 07210501675277058

SWIFT TUTNMK22

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО