Кикбосерот Славчо Васков-Пинда го гупи ФК Беласица!

Slavco Vaskov kikboks

Како што пишува порталот strumicadenes.mk, фудбалсиot клуб „Беласица“ има нов сопственик, и тоа кикбоксерот Славчо Васков-Пинда, а  стана и концесионер на стадионот ,,Младост“, пренесува „Струмица денес“.

Кикбоксерот го откупи стадионот со кој досега стопанисуваше Општина Струмица, а концесионер беше ФК Беласица. Од неодамна стадионот му припадна на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија.

Беласица моментално се натпреварува во третата лига Исто и е првопласирана на табелата, а со новиот сопственик гордоста на Струмица повторно има највисоки амбиции, односно враќање во Првата македонска фудбалска лига, каде двапати беше вицешампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО