Ексклузивно-Могамед Ибрагимов: Ми беше срам да се појавам пред македонскиот народ без медал од Олимипјадата!

ibragimov charles sad

Изборното првенство на Македонија имаше и еден исклучителен гостин, кој беше изненадување за сите. Тоа е носителот на единствениот медал од олимпијадите за Македонија како незвисна држава, Могамед Ибрагимов.

Ибрагимов на Олимписките игри во Сиднеј, Австралија, 2000 година, во категоријата до 85 килограми го освои бронзениот медал, а на Светското првенство во Техеран, Иран, 1998 година беше светски вицешампион. Во нашата земја настапуваше за Бучим Јака, во генерацијата што го прослави радовишкото и македонското борење, освојувајќи ги европската и светската клупска титула.

Ibragimov, Nase Korneev

Бидејќи долго време не бил во Македонија, првото прашање за популарниот Моги беше со што се занимава сега.

„Им помагам на роднини и пријатели, однонсо на млади борачи во Русија. Во Македонија дојдов бидејќи сакам да и помогнам на младите борачи“.

Што конкретно мислите за борењето во Македонија?

„Има талентирани деца. Но, проблемот е во тоа што најчесто се борат и до таа возраст, а како сениори се зпоставуваат, односноја губат желба за тренирање. Гледам дека борачи одат на кампови во Бугарија и Русија. Сето тоа е добро, но сакам истото да го видам во Македонија.

Вчера се видов со Насе Насев и со Чедо Николовски и бевме кај претседателот на МОК, Васил Тупурковски, и кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески. Тие многу се ангажираат за борењето да има континуитет и да се врати на старите позиции. Треба да се искористат сите потенцијали во земјата, како контактите на Љубиша Пешко со Русите, Азербејџанците, Ерменците, Швеѓаните итн.

Конкретно, каков ќе биде Вашиот ангажман во македонското борење?

„Јас сум како волонтер. Ангажирање во клуб?! Не ми е важно, туку сите заедно да успееме да го издигнеме борењето на ниво што ќе носи успеси од големите приредби. Од друга страна, видов дека има проблеми во Федерацијата (Федерацијата за боречки спортови на Македонија-ФБСМ). Немаат пари. Фали поголема организација.

Mogi porteret

На чија покана доѓаш во Македонија?

„Дојдов сам. Тупурковски, Насев, Николовски, Лазаревски, знаеја дека ќе дојдам“.

Како го оценувате Изборното првенство, односно каков е квалитетот на борачите?

„Борачи има. Го видов Иван Јанев (Бучим Радовиш), кој има добра техника и има потенцијал за 2-4 години да биде добар спортист. Стефан Никовски (Балканец) беше добар, а може да биде уште подобар. Мора ФБСМ да му даде шанса да учествува на првенствата за млади, Европското и Светското. Бобан Данов (Балканец) покажа квалитет. Здравков е добар, како и Јасин Реџелари (Лирија), кој располага со добра техника. Исто така и Бесмир Весели покажа добра техничка подготвеност“.

Какво е Вашето мислење за Халил Зубаиров и Тимур Хамикоев, кои настапија на Изборното првенство за екипата на Вардар?

„Зубаиров е добар,  исто така и Хамикоев. Но, забележав некои работи што ќе треба да се надминат. Кога ќе има реалност и објективност, ќе има и напредок во борењето во Македонија. Клупските интереси да се стават настрана и да се гледа репрезентацијата.

Во АСМ и МОК има желба да помогнат за борењето повторно да се врати на победничките патеки, односно да се обезбедат олимписки норми.

Што мислите за тренерскиот кадар во нашата земја?

„Во Бучим, Лирија,Блаканец имаат тренери. Штипјани го ангажирале и Николај Корнеев. Во оваа група на тренери ќе го спомнам и Страшо Глигоров. Но, тоа се малку тренери, треба да ги има уште повеќе. И, најбитно е, кај тренерите да има желба за успех.

Ќе кажам дека најубаво време за борењето во Македонија беше во времето на Ванчо Чифлиганец (1995-2000 година). Тогаш имаше Лига, па освојување на Европскиот куп на шампиони, а потоа и на Светскиот куп.

Мора да пробаме да ги платиме и македонските тренери, за да видиме какви резултати ќе направат. Препорачувам подобро да се искористи д-р Страшо Глигоров во македонското борење, зашто тоа е исклучителен квалитет.

А што мислите за преостанатиот кадар во борењето?

 „Нема судии. Мора да ги има повеќе и да бидат поостручени.

Какви беа Вашите чувства кога го освоивте бронзениот медал на ЛОИ 2000 година во Сиднеј?

„Кој сака да верува, која сака да не верува, ми беше срам да се вратам без медал во Македонија. Ќе се срамев пред македонскиот народ, зашто имаше и недоверба, а некои пишуваа зошто ни се странци. Запнав со сите сили за да освојам медал за Македонија.

Која е Вашата препорака за македонското борење?

„Никого не сакам да го карам и осудувам,туку заедно да работиме и да го дигнеме квалитетот на македонското борење. Човек, секогаш мора да е гладен за успеси!

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО