Жан-Клод ван Дам повторно во „Кикбоксер“!

jean van damme

Една од најпознатите улоги на белгискиот мајстор на боречите вештини, Жан-Клод ван Дам, секако е онаа во легендарниот филм „Кикбоксер“, а многумина ќе ги израдува вестта дека е во подготовка римејк на серијата, при што во една од улогите ќе се појави и ван Дам.

Имено, продуцентите Тед Филд, Димитри Логотетис и Ник Целози објавија дека продукцијата почнала со работа оваа недела и дека филмот ќе се сними на локации во Њу Ореланс и Тајланд.

Во главните улоги ќе се појават Ален Муси („X-Men: Days of Future Pas“”) како Курт Слоун, Дејв Батиста („Guardians of the Galaxy“) како Тонг По, поранешниот шампион во УФЦ Џорџис Ст. Пјер и ван Дам како мајсторот Чоу.

Да потсетиме дека ван Дам во оригиналниот филм од 1989 година го играше Слоун, а филлмот се стекна со култен статус и на благајните заработи 14 милиони долари. Актерот не се појави во останатите четири продолженија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО