Франција пред Русија на Светското првенство во џиу џицу

Dziu SP

Париз двата дена за викендот беше средиштето на настаните во светското џиу џицу, затоа што се одрржа Светското првенство, за жал, без наши претставници. Но, се надеваме дека наредното првенство ќе настапи и нашата репрезентација.

Најуспешна беше домашната репрезентација, Франција, со вкупно освоени 22 медали од кои 4 златни, 5 сребрени и 13 бронзени, потоа следува Русија со биланс 4-5-1, Германија 3-4-4, Белгија 3-2-1, Полска 3-1-6 итн.

dziu 2 sp

Од Македонската џиу-џица федерација коментираат дека големиот број на медали на домаќинот се поради тоа што настапувале на домашен терен и имале пријавено најмногу натпреварувачи. Тоа се гледало од фактот што Франција и Русија се изедначени во билансот на златни и сребрени медали, иако руската репрезентација е број еден во светот. Додека Германија, Полска и Италија секиогаш биле во врвот на овој спорт.

diu 3 sp

Од регионов најуспешна е репрезентацијата на Црна Гора која освои 1-1-2 медали, а Словенија мораше да се задоволи само со бронзен медал, додека Грција, Хрватска и Бугарија останаа без медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО