Тоше Ристов-Розата и Гоше Хубрев: За славните карате денови во Штип

Gose hubrev i Tose Ristov Rozata

Две штипски карате легенди на лав-муабет за каратето и за славните денови на КК Партизан од Штип, кога Тоше Ристов – Розата стана репрезентативец на Југославија, а неговиот клуб се бореше за влез во Првата југословенска лига. Во таа генерација на Партизан под раководство на Миланчо Черкезов беа уште Кнаил Шерафедин – Шеки, Здравко Јакимов, Ристо Волчев – Блек, Горан Ковачевиќ и други.

Гоше Хубрев беше дел од репрезентацијата на Македонија во првите години од независноста. Од друга страна, Хубрев се занимава и со џудо, кој, всушност, е неговиот прв спорт, бидејќи настапуваше за „13 Мај“, а подоцна и за Партизан од Белград. Така што имале за што да разговараат, но и да констатирата дека имаат достојни наследници како Емил Павлов, Жарко Арсовски, Сашко Арсовски…

Но, како што дознаваме од пријатели на масата, станало збор за обновување на Џудо клубот „13 Мај“ во Штип токму од страна на Хубрев.

 Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО