Пеце Наумовски-карате шампион на Австралија со убедливи и атрактивни удари (ВИДЕО)

Pece Naumovski so medalite

Каратистот Пеце Наумовски пред извесно време ја освои шампионската титула на Австралиското национално карате (АКФ) првенство 2016 и поради тоа се нарече Алексанадар Македонски на денешницата.

Погледнете го ова интересно видео накое се прикажани најитересните и најефектните поени до титулата.

Но тоа не се! Тој оваа година победи сите квалификациски карате турнири и во март го освои златниот медал и на Превнството на Викторија.

Пеце го освои Австралискиот национален шампионат со стил, како што беше во квалификациите со брзина и техника за да заработи два златни медали до 21 година до 67 кг и во сениори во ситата категорија.

„Да се биде најдобар треба да дадеш се од себе за својата цел. Треба да живееш, дишиш и размислуваш за тоа во секој момент од денот, се додека не го проголташ сето тоа. Тоа е како кога знаеш дека си подготвен да влезеш во рингот без да зажалиш“, истакна Пеце.

„Денес влегов во рингот како Александар Велики од Македонија; Јас победив во секоја борба, како тој што победувал во секоја битка. Ги користам силата и тактика за да ги надминам сите пречки“, вели Пеце

Пеце се надева дека ќе патување во Токио 2020 година на Олимписките игри и дека оттаму ќе се врати со насмевка.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО