Назим Куртовиќ одржа семинар на Златните песоци во Бугарија (ФОТО)

Nazim deonstrira bugarija

 

Македонскиот карате стручњак Назим Куртовиќ одржа десетденевен семинар (од 9 до 19 август) во Бугарија со нивни истакнати инструктори и репрезентативци.

„Еден од најдобрите инструктори на Балканот, д-р Назим Куртовиќ (6 дан) од Македонија се приклучи на тренинг процесот на Бугарската федерација шотокан карате-до (БФШК)“, вака е најавен семинарот од Варнаутре.бг на нашиот карате стручњак Назим Куртовиќ.

Семинарот беше наменет за повеќе од 40 инструктори во национална спортска база „Спортпалас“ на Златните песоци. Семинарот на инструкторите го платила  БФКШ.

Seminar so Nazim Kurtovik vo Bugarija

Дел од подготовката на техничко-тактички семинар е спроведена од страна на д-р Назим Куртовиќ. За кого се истакнува дека пред неколку години ја бранел докторската дисертација на тема „Психолошка и тактичка подготовка на натпреварувачите во карате“ во Национална спортска академија (НСА).

Понатаму за Куртовиќ се вели дека во минатото бил освојувач повеќе медали од европски и светски првенства и дека има драгоцено искуство за споделување. Се наведува тој е претседател на Комисијата за наука и спорт на Македонскиот олимписки комитет.

Nazim objasnuva seminar Bugarija

Со заеднички напори на техничката комисија на БФШК и македонскиот шотокан карате учител, тренинг програма на семинарот била поделена на два дела – за инструктури и за натпреварувачи, кои траеле по 5 дена.

Инструкторската подготовка содржела: биомеханичка соодветност на движењата во карате – позиции, блокади, удари со раце и нозе; ефективна дистанца во кумите (мааи); прецизност на тајмингот – темпирање на иницијатива во кумите; психички процеси во кумите; емоционална не/стабилност во кумите; развој на тактичкатра вештина. Посебно се разботувале борбите и катите.

Натпреварувачките подготовки содржела: развој на специфични моторни способности; развој на целни моторни модели; развој на комбинации на целни моторни модели; идентификација на специфични стимули и соодветен одговор на нив; психо-емоционално тренинг влијание.

Nazim golsusaat seminar Bugarija

Сенсеи Назим Куртовиќ изјави дека имајќи го во превид статусот на бугарските натпреварувачи, е убеден дека ќе имаат голем успех на претстојното Светско првенство во Бургас во октомври. Шампионатот во шотокан карате-до кое се организира од БФШК и Shotokan Karate Do of United Nations (SKDUN), со поддршка на Општина Бургас и Министерството за млади и спорт, ќе се одржи помеѓу 7 и 9 октомври во спортската сала „Младост“ во поморскиот град.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО