Мајк Тајсон: Конор Мек Грегор е најголемата личност во историјата на ММА

Majk Tajson i Konor mek gregor

Нема како да се одречат квалитетите на Конор Мек Грегор, кога станува збор за привлекување на вниманието на луѓето. Често тоа служи и за потценување, па се нагласува дека до позицијата на која се наоѓа во моментов стигнал главно преку приказни.

Поранешниот шампион во бокс, Мајк Тајсон, не гледа ништо лошо во стилот на Ирецот. Според Тајсон, харизмата на Мек Грегор е неспоредлива со ничија друга во спортот.

„Конор е многу харизматичен. Џон Џонс се држи лошо, но длабоко во себе е мил, дури срамежлив човек. Но Конор е човекот. Тој ме потсетува на боксерите од старата школа – оние кои се подготвени на сè. Тој влегува во собата и сите стануваат. Тој го прочистува воздухот во собата. Навистина е многу интересен човек.

Тој го направи она што никој друг не успеа. Тој е лик од цртаните филмови, но вистински. Прекрасен борец, но неговата личност е уште поголема од талентот. Нели е откачено? Тој е голема личност. Никој во ММА како него не бил толку голема личност. Ронда Русје е чудовиште во врска со работите што го прави, но Конор е различен. Тој е феноменален“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО