Фјури: Ќе го нокаутирам Џошуа во првата рунда

Fjuri Dzosua tela

Светскиот шампион на ВБА, ВБО и ИБО во супер тешка категорија, Тајсон Фјури, продолжува да се зајадува со носителот на појасот во верзијата на ИБФ, Ентони Џошуа. Циганскиот крал речиси секојдневно го напаѓа вербално олимпискиот шампион од Лондон 2012 и очигледно дека нема никаков респект.

„Би го нокаутирал Џошуа во првата рунда. Тој може да зборува многу работи, но нема да каже ништо кога ќе застане до мене. Тој е син на татко му и јас би го натепал така како што ги шамарам своите Ку * ки. Тој е идиот“ , изјави Фјури.

Тајсон му се нафрли на Ентони поради ателтската фигура и постојано го навредува со „бодибилдер“ и „бодибилдери“.

Џошуа од своја страна веќе изјави дека нема намера да паѓа до нивото на Фјури и ќе му покаже точно каков е во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО