Партизан екипно втор, Василија Христиќ прогласена за најдобар борец во Власотинце

Partizan Kocani-Vlasotince 2016 site

Екипата на Партизан од Кочани е втора во екипна конкуренција на Меѓународниот карате турнир во Власотинце-Србија.

Jordanco i Oli so Dimitar i Vasilija na Valsotince 2016

Каратистите на Партизан освоија 4 златни, 6 сребрени и 24 бронзени медали и во борби и во кати.

Василија Христиќ е прогласена за најдобар натпреварувач во борби, таа беше втора во борби (-55 кг) и втора во кати.

Златните медали, сите во борби ги освоија Димитар Јакимов (1999 година) на +70 кг, Ангел Паунов (1999 година) – 70 кг, Кристијан Грозданов (2004 година) – 35 килограми и Ѓорги Петров (2004 година) -45 килограми.

На турнирот учествуваа 480 натпреварувачи од повеќе земји од регионот.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО