Јасин Гафури од Фати прв на „Иппон опен“ во Приштина

Fati vo Pristina 2016 ippon

Јасин Гафури освои златен медал 12/13 год -50 кг на Меѓународниот турнир „Иппон“ во Приштина,  Косово, при што извојува три победи.

Fati gafuri prv na piedestal vo Pristina 2016

Освен Јасин Гафури, и другите каратисти на фати од Тетово имаа успешен настап, па така Шериф Гафури 10/11 год -40 кг го освои второто место, кој по трите победи во финале загубил од каратист од Црна Гора. Вјоллца Гафури (кадетка, -54 кг) исто така е втора, две победи и една загубена со прогласување при резултат 1-1.

Ндрина Зибери и Ердона Зибери двете во категорија 10/11 год -35 кг се закитија со бронзи. Дагин Фејзули (кадет, -57 кг) една победа и еден пораз -3 место.

Армин Фејзули (12/13 год, -40 кг) -3 место по две добиени и една изубена борба. Букурије Селими (кадетка, -47 кг) остана без медал, бидејќи изгуби во првото коло.

Fati devojcinja ipon 2016

„Натпреварувачите на КК Фати денес во Приштина не го покажаа она што го очекував, иако овие се млади категории, освен кај Вјоллца Гафури, која навистина беше оштетена. Значи, не очекував едно злато, бидејќи имавме можност за најмалку четири, но тоа  е спортот“, изјави тренерот Арлин Хусеини.

Jasin Gafuri fati ippon 2016

Фати денеска имаше преставници и во Црна Гора на „Плевлја опен 2016“ кои се закитја сребрен и борнзен медал, Мухамед Селими и Илирр Сејфули.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО