Други вештиниИ друго

Историски успех на млади Македонци за репрезентацијата на Италија на Европското првенство во чанбара во Чешка

Светот на боречките вештини со почит зборува за младите Македонци кои направија невиден историски успех на Европското првенство во чанбара во Чешка.

Глорија Јованова освои три бронзи, нејзиниот брат Никола се закити со сребро, додека Кристијан Смилков донесе дополнително сребро и бронза во модерно јапонско мечување.

Иако нивните корени и спортски дух се целосно македонски, тие беа главниот столб на италијанската селекција која стана шампион на Европа.

Успехот предизвика толку голем восхит што локалните власти во Италија веднаш ги прогласија за гордост на градот, со максимална поддршка за нивната иднина.

Ова повторно ја отвора болната тема во регионот за сите млади спортисти кои својата среќа ја градат далеку од татковината.

Дали успехот на овие млади шампиони треба да го славиме како македонски триумф или ова е само уште еден доказ дека туѓите држави повеќе ги ценат нашите деца?

„Иако Македонија не зеде учество на Европското првенство во спортска чанбара и оваа година, но како тренер по спортска чанбара плачам од радост кога гледам како се бореа и освоија медали три наши деца за италијанската репрезентација. Сепак, водат потекло од Македонија. Честитки за трудот и посветеноста на тренерите“, пишува на Фејсбук Даниел Митрев тренер и застапник на оваа вештина во Македонија.

Фото: Фејсбук

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON