Марко Џорлев ќе се бори за бронза на ЕП за кадети, јуниори и У-21, Мерван Мемеди е на чекор до борба за медал
Марко Џорлев е херојот на денешниот ден на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, ќе се бори за бронзен медал.

Марко Џорлев е херојот на денешниот ден на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, ќе се бори за бронзен медал.
Џорлев во категоријата до 63 килограми во кадетска конкуренција извојува три победи во серија и стигна до полуфиналето каде што се сретна со Италијанецот Рафаеле Балдасаре и загуби со 0-6.
Во мечот за бронзен медал силите ќе ги одмери со Давид Ковал од Словачка.
Мерван Мемеди доби шанса во репасажот, бидјеќи Едоардо Кафисо од Италија се пласира во финалето во категоријата до 52 кг. Мемеди извојува две победи и е на чекор до борба за бронзен медал.

Од натпреварувачите во кати Данка Стојкова извојува една победа и имаше шанса во репасажот да си овозможи борба за бронза, но загуби од Лиа Хурицлава од Грузија. Стојкова е седма во вкупниот пласман.
На ЕП настапуваат 1276 каратисти со 1205 натпреварувачи од 47 држави.
Резултати Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол:
Кадети ката
Драгана Николова – Шоња Лола Бенко (Унгарија) 0-5
Матео Ѓоргиев – Адам Илчик (Чешка) 0-5
Јуниори ката
Жени
Блерина Зенедели – Александрина Сербул (Молдавија) 5-0
Блерина Зенедели –Наталија Николаева (ВКФ) 2-3
Нуредин Дервиши – Михал Брозбохати (Чешка) 0-5
У-21 ката
Жени
Данка Стојкова – Атина Цијамаки (Грција) 3-2
Данка Стојкова – Паола Лозано Гарсија (Шпанија) 0-5
Репасаж
Данка Стојкова – Лиа Хурцилава (Грузија) 0-5 7.место
Марко Димовски – Александар Бошков (Србија) 0-5
Кадети-јуниори ката екипно жени
(Илијоска, Јорданоски, Јорданоски, Миланоска)
Македонија – Германија
Жени
-47 кг Миахела Филиповска – Нивес Подворец (Германија) 0-5
-54 кг Хира Фидани – Азра Хаџиќ (Босна и Херцеговина) 0-4
-61 кг Хена Франгу – Паула Паниќ (Хрватска) 0-4
+61 кг Буна Села – Марија Карина Попеску (Романија) 3-5
Мажи
-52 кг Мерван Мемеди – Едоардо Кафисо (Италија) 0-8
Репасаж
Мерван Мемеди – Максим Марчинек (Чешка) 3-0
Мерван Мемеди – Фриц Фихтелман (Германија) 1-0
Мерван Мемеди – Хуго Перез Лопез (Шпанија)
-63 кг
Марко Џорлев – Лука Ѓуриќ (Црна Гора) 9-3
Марко Џорлев – Семих Еминовски (Данска) 3-0
Марко Џорлев – Мог Мушегјан (Ерменија) 3-1
Полуфинале
Марко Џорлев – Рафаеле Балдасаре (Италија) 0-6
За бронза
Марко Џорлев – Давид Ковал (Словачка)



