Златен медал за Иса Елмази, бронзен за Џем Пашов на Карате 1 Младинската лига во Венеција

Иса Еламзи освои златен а Џем Пашов бронзен медал на Карате 1 Младинската лига во Венеција-Италија, во категоријата до 70 килограми во кадетска конкуренција.
Елмази во финалето го победи Јусуф Цисохо од Франција.

Ова се првите медали на Младинската лига за Македонија.
На Младинската лига ќе настапат 3329 каратисти со 3378 натпреварувачки влезови од 83 држави.
Резултати Карате 1 Младинска лига:
Кадети
-53 кг Ведран Лазарев
-57 кг Марко Здравковски
-63 кг Марко Џорлев
-63 кг Наум Велески
-70 кг Јован Арсов
-70 кг
Иса Елмази – Давидс Никитин (Латвија) 5-2
Иса Елмази – Бјарне Куехл (Швајцарија) 11-3
Иса Елмази – Максим Козаченко (Украина) 2-1
Иса Елмази – Петар Слукиќ (Хрватска) 3-3
Финале
Иса Елмази – Јусуф Цисохо (Франција) 3-6
Џем Пашов – Ханс Виксјо (Норвешка) 7-0
Џем Пашов – Милан Фолтин (Словачка) 4-3
Џем Пашов – Балинт Илеш Петер (Грција) 5-4
Полуфинале
Џем Пашов – Јусуф Цисохо (Франција) 2-5
За бронза
Џем Пашов – Василиос Перис (Грција) 2-0



